Кај Милан не поминува „тика-така“, Алегри презадоволен од победата

Од:

Екипата на Милан со 2:0 ја победи фаворизираната Барселона во натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, на кој Каталонците упатија само два удари во рамките на голот на домаќините. Милан докажа дека неправедно му се даваа само теоретски шанси за успех против играта „тика-така“ која синоќа беше безопасна за противничкиот гол.

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри тактички одлично ја постави формацијата на неговите избраници кои заслужено остварија солидна предност пред реваншот во Барселона.

– Презадоволен сум од играта и од резултатот. Очекувавме поседот на топката во голем процент да го има противникот, но тоа не значеше дека на надиграа. Во првиот дел имавме малку проблеми од страничните позиции, но ги затворивме и тие приоди кон нашиот гол во второто полувреме во кое постигнавме и два гола за да можеме сега да уживаме, истакна Алегри веднаш по големата победа над Барселона.

Кевин-Принс Боатенг во 57.минута и Сулеј Мунтари во 81.минута му донесоа предност на Милан по првиот осминафинален дуел од ЛШ.

На вториот синоќешен натпревар од оваа фаза во елитното натпреварување, во Истанбул, Галатасарај и Шалке одиграа нерешено 1:1.

Бурак Јилмаз погоди за домаќинот во 11.минута, а голот за Шалке го постигна Џермејн Џонс во 45.минута. Реваншите ќе се одиграат на 12 март.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска