Фудбалскиот тим Вакисо Џајантс, попознат под прекарот „Виолетови ајкули“ од првата лига на Уганда, предизвика краткотрајна возбуда кај своите фанови и многу смеа на социјалните мрежи, откако објави фотографија од Лионел Меси со кус текст „Кај и да е“.
Објавата доаѓа по барањето на Меси да ја напушти Барселона, а клубот од Уганда наводно ќе упати понуда до Аргентинецот, доколку му биде дозволено да си оди како слободен играч.
Адвокатите на Меси вчера испратија факс до Барселона во кој објаснуваат дека тој сака да активира клаузула од договорот која му дозволува да го напушти клубот без надомест, но од клубот објаснија дека таквата клаузула е истечена. Барселона, според најавите, нема да му дозволи на аргентинскиот ас да си замине за помалку од 700 милиони евра.