Кадетките и младинките ги дознаа ривалите во фудбалската Лига на нации

Од:

Македонските женски фудбалски репрезентации до 17 и до 19 години денеска со жрепка во Нион ги дознаа противниците во квалификациите за пласман на европските првенства во рамки на новиот формат преку натпреварувањата во Лигата на нации.

Македонските младинки ќе играат во дивизијата Б во квалификациската група против Словенија, Молдавија и Лихтенштајн. Квалификацискиот турнир ќе се одржи во април идната година, а земјата организатор ќе биде одредена дополнително.

Промоцијата во Лига А ќе обезбедат првопласираните репрезентации од шесте групи, како и најдобро второрангираната репрезентација.

Како и младинките, и кадетската репрезентација до 17 година ќе настапи во Лига Б, а противници во рамки на квалификациската група 3 ќе им бидат Шкотска, Азербејџан и Албанија. Кваликацискиот турнир ќе се одржи во март идната година, а домаќин ќе биде Албанија.

Промоција во Лига А за сезоната 2022/23 ќе обезбедат победниците на шесте групи, како и една најдобро второпласирана репрезентација.

Би можело да ве интересира

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

Фудбалерка го соблече дресот во финалето на Лигата на шампиони откако ја донесе титулата на Барселона

ФИФА го суспендираше првиот човек на шпанскиот фудбал поради скандалот на Светското првенство

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска