Работнички го враќа стариот сјај на задоволство на вљубениците во кошарката и неговите фанови. Македонскиот најтрофеен клуб К.К. Работнички го декласираше тимот на К.К.Вардар и со убедлива победа ја започна новата сезона.
Натпреварот заврши 78:62 во корист на К.К. Работнички.
Кошаркарите на К.К. Работнички беа доминантни во текот на целиот натпревар и не дозволија ниту во еден момент да биде доведена во прашање победата.
Најефикасен кај Работнички беше Соколов со 23 поени и со одлична игра. Кај Вардар Ѓуриќ го заврши натпреварот со 18 поени.