Слаба ефикасност и само еден постигнат гол и тоа од пенал ги одбележа првите два четвртфинални натпревара во фудбалската Лига на шампиони.
Јувентус на свој терен го совлада Монако со 1:0. Стрелец на голот за италијанскиот шампион беше Артуро Видал во 57.минута.
На другиот синоќешен дуел немаше победник, а гледачите на „Висенте Калдерон“ во Мадрид немаа можност да видат гол. Најзаслужен за ремито на Атлетико е голманот Јан Облак кој во неколку наврати спречи бранителот на трофејот Реал Мадрид да стигне до предност против градскиот ривал.
Реваншите се закажани за 22 април.
Вечер од 20 часот и 45 минути се играат другите два први четвртфинални дуели:
Пари Сен Жермен – Барселона и
Баерн Минхен – Порто.