Јувентус прв финалист во Лигата на шампионите

Од:

Екипата на Јувентус е првата која обезбеди пласман во финалето на фудбалската Лига на шампиони.

Италијанскиот првак ја потврди улогата на фаворит во дуелот против францускиот Монако, кого го совлада и во реванш средбата. На мечот одигран синоќа во Торино, фудбалерите на Јувентус забележаа победа со 2:1, па со вкупни 4:1, се пласираа во финалето.

Хрватот, Марио Манџукиќ (33.минута) и Дани Алвес (44) беа стрелци на головите за „Старата дама“, додека 18-годишниот Мбапе (69.минута), го постигна единствениот гол за Монако во овој двомеч.

Кој ќе биде противник на Јувентус во финалето закажано за 3 јуни во Кардив, ќе се знае вечерва, откако мадридските ривали Атлетико и Реал ќе го одиграат својот реванш полуфинален меч.

„Кралскиот клуб“ средбата која ќе се игра од 20:45 часот на „Винсенте Калдерон“ ќа ја започне со предност од 3:0 остварена на првиот дуел пред својата публика.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска