Јувентус потпиша со напаѓач од Северна Кореја

Од:

Неколку часа пред затворањето на трансфер прозорецот, Јувентус потпиша со 20-годишниот Хан Куан-сон од Каљари.

Напаѓачот од Северна Кореја доаѓа за 5 милиони евра, соопшти „Скај“. Шампионите планираат да се потпираат на него претежно во вториот тим, но тој ќе тренира со првиот.

Хан четири години е во сопственост на Каљари, а во последните две сезони беше позајмен во Перуџа во Серија „Б“, постигнувајќи 11 голови на 39 натпревари за овој тим.

Азиецот е цел на Јуве уште од јануари 2018 година. Тој влезе во историјата со тоа што стана првиот играч од Северна Кореја што забележал учество во натпревар од Серија „А“.

Би можело да ве интересира

Јувентус бара замена за Душан Влаховиќ

Предраг Петровиќ

За Милан против Јувентус ќе брани 41 годишен голман

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО )Навивачите на Јувентус упаднаа на теренот со порака: Не го сакаме Лукаку

Предраг Петровиќ

УЕФА: Јувентус исфрлен од Конференциската лига

Чистка во Јувентус, во текот на ноќта пречкртани четворица фудбалери

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Општа тепачка по дербито на Јувентус и Интер

Предраг Петровиќ