Италијанскиот првак Јувентус вечер е домаќин на европскиот првак Реал Мадрид во првиот дуел од полуфиналето во Лигата на шампионите.
За „Старата дама“ ове е прво полуфинале по пауза од 12 години, додека Реал ќе се обиде да биде првата екипа која го одбранила трофејот во елитното натпреварување.
Креаторот на играта на Јувентус, Андреа Пирло верува дека шансите за финале се еднакви и дека вкупниот победник ќе биде одлучен на реваншот во Мадрид.
– За противник го имаме еден од најсилните светски клубови. И покрај тоа уверен сум дека имаме квалитет рамноправно да се бориме за место во финалето. Очекувам неизвесни натпревари, а победникот од овој двомеч да не се знае се до крајот на реваншот во Шпанија, изјави Пирло и додаде дека посакува делот од својата богата кариера, во Јувентус да го заврши со трофејот од Лигата на шампионите.
Почетокот на натпреварот во Торино е во 20 часот и 45 минути.
Во второто полуфинале утре ќе играат Барселона и Баерн Минхен.