Јувентус го завери билетот за Кардиф

Од:

Актуелниот италијански шампион е првиот патник во големото финале од Лигата на Шампионите, откако вечерва со 2-1 и вкупни 4-1 го совлада тимот на Монако.

Стрелци на головите за Јувентус вечерва беа Марио Манџукиќ и Дани Алвес, додека утешниот гол за гостите го постигна Мбапе.

Јувентус вечерва влезе како голем фаворит, откако во првиот натпревар минатата недела славеше со 0-2 на гостински терен.

Другото полуфинале се игра утре, а таму Атлетико го пречекува Реал Мадрид и ќе брка да надохнади негатива од 3 гола, откако првиот натпревар заврши со резултат 3-0 во полза на „Кралевите“.

Финалето од Лигата на Шампионите се игра на 3. јуни во Кардиф, а победникот од тој натпревар со победникот од Лигата на Европа ќе си ги одмерат силите во Супер Купот кој што се игра на 8. август во Скопје.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска