Актуелниот италијански шампион и лански финалист во Лигата на Шампиони, екипата на Јувентус го пријави тимот за новата сезона.
Од составот испаднаа Квадво Асамоа и Симоне Падоин. Меѓу 25. пријавени фудбалери се сите нови играчи, вклучително и Сами Кедира, кој е повреден и ќе паузира уште најмалку еден месец.
„Старата дама“ во групната фаза на Лигата на шампионите ќе игра против Манчестер сити, Севилја и Борусија Мехенгладбах.
Пријавени фудбалери: Буфон, Кјелини, Касерес, Кедира, Заза, Маркизио, Мората, Погба, Хернанес, Алекс Сандро, Барѕалји, Квадрадо, Манџукиќ, Лемина, Бонучи, Дибала, Ругани, Нето, Лихтштајнер, Стураро, Евра, Переира, Аудеро.