Првиот реванш натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите вечерва во Торино го играат Јувентус и Монако. Предност од 2:0 по првиот дуел има првакот на Италија Јувентус. На страната на Јувентус е и статистиката според која ниту една екипа досега не испуштила ваква преност по првиот натпревар, а ја остварила на гостински терен.
Двете екипи се на водечките места во националните шампионати на своите земји Италија (Јувентус) и Франција (Монако), а лесно може да случи веќе овој викенд тие да ги освојат националните титули.
Тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри повикува на внимателност кај неговите играчи особено што Монако нема што да загуби, а противникот има исклучително ефикасен напад оваа сезона.
Јувентус е во серија од 22 натпревара без пораз на домашен терен во еврокуповите, додека Монако нема гостинска победа во трите европски полуфиналиња.
Почеткот на натпреварот е во 20:45 часот, а ќе го суди Бјорн Куперс од Холандија.
Второто полуфинале (реванш) меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид се игра утре, а Реал победи на првиот дуел со 3:0.