Италијанскиот првак Јувентус оствари победа од 2:1 во првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите против европскиот првак Реал Мадрид.
По почетната иницијатива Јувентус поведе во 8.минута откако ударот на Карлос Тевез, Икер Касиљас кусо го одби само до Алваро Мората, кој од непосредна близина ја затресе мрежата на својот поранешен тим.
Реал Мадрид изедначи преку Кристијано Роналдо во 27.минута, додека конечните 2:1 ги постави Тевез со гол од белата точка во 58.минута. Пеналот Англичанецот Мартин Еткинсон го досуди по фаулот на Карвахал токму над стрелецот на вториот гол.
Реванш натпреварот се игра на 13 мај во Мадрид.
Вечерва на „Камп Ноу“ се игра второто полуфинале меѓу Барселона и Баерн со почеток во 20 часот и 45 минути.