Фудбалерот на Милан и српски репрезентативец Лука Јовиќ наскоро ќе ја напушти Италија и ќе замине во Монако, по иницијатива и желба на тренерот на клубот, австрискиот стручњак Ади Хутер.
Според Танјуг, заемен интерес има, преговорите се блиску до завршување, а реално е да се очекува наскоро и официјална промоција.
Јовиќ побара од Милан да му го раскине договорот, а поради Хатер и Монако ги одби понудите од Италија, Англија, Шпанија и Дубаи.
Српскиот фудбалер имаше добра соработка со Хутер во Ајнтрахт Франкфурт, а најважно за Јовиќ е по долго време да добие соодветна шанса и да има простор и минути да си ја врати рутината и да се врати во форма.
Хатер е тренер на Монако од 2023 година, а претходно ги водеше Борусија Менхенгладбах, Ајнтрахт, Јанг Бојс, Салцбург, Гредиг и Алтах.
Јовиќ (27) е член на Милан од 2023 година, а претходно играше за Фиорентина, Ајнтрахт, Реал, Бенфика и Црвена звезда.
За српската репрезентација одигра 42 натпревари и постигна 11 голови.