Кошаркарот на Црвена звезда, Стефан Јовиќ е прогласен за најкорисен играч во финалната серија од плеј-офот на регионалната Јадранска лига.
Плејмејкерот на „црвено-белите“ покажа константна форма на трите дуели од финалето со Мега Лекс и заслужено стигна до признанието МВП.
На првиот дуел тој уфрли 11 поени со девет асистенции, на вториот реализира девет поени и исто толку асистенции, додека на третиот меч синоќа во Сремска Митровица забележа три поени со шест асистенции.
Црвена звезда со убедливи 3-0 во победи против Мега Лекс, ја освои својата втора АБА титула.