Играчот на Мега Визура Никола Јокиќ е прогласен за најкорисен кошаркар во 6.коло од регионалната АБА лига.
Јокиќ собра 40 индексни поени во победата на својот тим синоќа над против Задар. Тој имаше 17 поени, 12 скокови, осум асистенции и две украдени топки.
За Јокиќ ова е второ МВП признание сезонава, откако исто така најкорисен играч беше во првото коло кога Мега го совлада македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром.