Кошаркарот на Унион Олимпија, Никола Јанковиќ е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел на сезоната на АБА-лигата, објавено е на официјалната веб-страна на регионалното натпреварување.
Јанковиќ настапувајќи за словенечкиот тим сезоната ја заврши со 19,24 индексни поени во просек по натпревар. Србинот во просек постигнуваше по 16,6 поени, 7,3 скокови, 1,4 украдена топка и 1,1 асистенција по натпревар.
205-сантиметри високиот Јанковиќ беше избран за МВП на лигата за месец декември и МВП на 13. Коло.
Последното (26.коло) тој го заврши со 33 индексни поени на корисност, пред Миро Билан со 31 и Марин Рожиќ со 29.