Македонската пливачка Ана Јаневска на Европското јуниорско првенство постави нов кадетски државен рекорд во дисциплината 50 метри слободно со време 27,81 секунди со што го подобри нејзиниот неодамна срушен рекорд со време 28,08 секунди.
43-тото Европско јуниорско првенство од 6 јули до денеска се одржува во Ходмезовашарли, Унгарија.
На првенството учествуваат 750 натпреварувачи од 47 земји меѓу кои е и Македонија.