Во седиштето на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) во швајцарскиот град Нион, денеска ќе се одржи извлекувањето на двојките за баражите за Лигата на шампионите.
Ќе бидат одреденни десет натпреварувачки двојки, по кои победниците заедно со уште 22 екипи кои директно се квалификуваа ќе играат во новата сезона од групите од Лигата на шампионите.
Дваесетте екипи се поделени во две групи и противник може да добијат само од својата група.
Во „лига“ групата се наоѓаат: Арсенал, Олимпик Лион, Милан, Шалке, Зенит, ПСВ, Металист, Фенербахче, Реал Сосиедад и Пакос Фереира.
Во „шампионската“ група се: Базел, Селтик, Стеауа, Викторија Плзен, Динамо Загреб, Австрија Виена, Легија, Марибор, Лудогорец и Шахтјор Караганди.