Извлечени полуфиналните двојки за Купот на Македонија

Од:

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска беше извршено извлекувањето на полуфиналните двојки за Купот на Македонија.

Најверојатно големите ривали Вардар и Металург ќе ги одмерат силите во полуфиналето.

Ракометарите на Вардар поради европските настапи ја немаат завршено четвртфиналната групата, но тие се апсолутни фаворити против Борец и со евентуална победа ќе треба да играат против Радовиш. Со триумфи на двата натпревара тие ќе се изборат за полуфиналето против Металург. Во второто полуфинале ќе играат Еурофарм Работник и Охрид. Завршницата ќе се одржи на 20. и 21. мај во Битола, а Еурофарм Работник заедно со РФМ ја имаат улогата на организатори.

Женското полуфинале на Купот на Македонија (завршниот турнир) ќе се одигра во Скопје, а домаќин ќе биде Металург. Во полуфиналните дуели ќе играат: Вардар – Гевгелија и Металург – Прилеп.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП