Шпанското дерби меѓу Барселона и Атлетико Мадрид е дуелот кој ќе привлече најголемо внимание во четвртфиналната рунда во фудбалската Лига на шампиони.
Ова е епилогот од денешната жрепка извршена во седиштето на Европската фудбалска федерација (УЕФА) во Нион, каде беа извлечени четвртфиналните двојки за елитното натпреварување.
Во останатите три натпревари, за место во полуфиналето ќе се борат: Волфсбург – Реал Мадрид, Париз Сен Жермен – Манчестер Сити и Баерн Минхен – Бенфика.
Првите натпревари ќе се играат 5 и 6, а реваншите на 12 и 13 април.