Истраги за даночни измами во португалскиот фудбал

Од:

Португалското правосудство соопшти денеска дека спроведува серија истраги против фудбалски клубови во земјата поврзани со затајување данок.

Во соопштението се наведува дека 40 даночни инспектори и 50 полицајци досега спровеле 20 истраги во клупски простории, како и компании и адвокатски канцеларии со кои соработуваат фудбалските клубови.

Истражителите се сомневаат дека фудбалските клубови и менаџери на нивните фудбалери склучувале договори со кои ги прикривале од даночните власти реалните приходи.

Се проценува дека даночните измами го оштетиле буџетот за околу 15 милиони евра, а медиумите наведуваат дека во прв план на даночната истрага се прволигашите Брага и Виторија Гимараеш.

Во понеделникот беше спроведена рација и во просториите на Порто, а фокусот на истражителите биле провизии исплаќани при трансфер на фудбалери, во вкупна висина од 20 милиони евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бруно Фернандеш ги одведе Португалците во осминафинале на СП

ВИДЕО: Португалците најдоа начин да ја победат Гана

Натпревар во Португалија прекинат поради недоволно здрави фудбалери

Ана Ололовска

Сантош ќе ја напушти португалската репрезентација доколку не се пласира на СП 2022

Ана Ололовска

Диего Коста се согласи да се пресели во Бенфика

Ана Ололовска

Португалија: Почина млад фудбалер кој претрпе инфаркт на натпревар, четири дена се бореше за живот

Жарко Настоски