Португалија: Почина млад фудбалер кој претрпе инфаркт на натпревар, четири дена се бореше за живот

Од:

Фудбалската, но и пошироката јавност во Португалија е потресена од смртта на 24-годишниот фудбалер Алекс Аполинарио, кој почина во болница, неколку дена откако претрпе инфаркт за време на натпревар од португалската трета лига.

Младиот Бразилец паднал на теренот во 27-та минута од средбата меѓу неговата екипа, Алверка, и Униао Алмерим, а останатите играчи и лекарите на двете екипи се обиделе да му помогнат. Екипа на Брзата помош пристигнала и го реанимирала фудбалерот, по што тој четири дена се бореше за живот во вештачки предизвикана кома, пред да ја загуби борбата денеска, како што соопшти клубот.

Алекс Сандро Дос Сантос Аполинарио беше играч од средината на теренот, чија кариера започнала во тимот на Крузеиро, од каде бил позајмен во Атлетико Паранаенсе. Дресот на Алверка во Португалија го носеше две години.

Би можело да ве интересира

Натпревар во Португалија прекинат поради недоволно здрави фудбалери

Ана Ололовска

Истраги за даночни измами во португалскиот фудбал

А1он

Сантош ќе ја напушти португалската репрезентација доколку не се пласира на СП 2022

Ана Ололовска

Диего Коста се согласи да се пресели во Бенфика

Ана Ололовска

Роналдо никогаш нема постигнато гол против Франција, ова е неговата најлоша низа

Ана Ололовска

Роналдо ја прослави јубилејната, 100-та победа со репрезентацијата на Португалија

Ана Ололовска