Исчезнатиот 18 годишен шпански фудбалер пронајден мртов

Од:

Тажна вест доаѓа од Шпанија, каде е пронајдено телото на Алваро Приет (18), поранешен играч на Кордоба по кој се трагаше неколку дена.

Телото на настраданиот млад фудбалер било пронајдено меѓу два вагони на возот и го снимила камера на шпанската телевизија.

Младиот фудбалер ја носел облеката што ја имал на него во моментот на исчезнувањето, а полицијата потврдила дека телото е на Алвар Пријет.

Полицијата неколку часа по пронаоѓањето на телото излезе со соопштение во кое се наведува дека возот на кој е пронајдено телото не бил во служба со недели, се расипал и немал никакво движење, ниту пак бил подложен на проверка или одржување и не се движел од 24 август минатата година и дека на денешен ден вршел интерен маневар без давање услуги на патници.

Фудбалерот пред неколку дена отпатувал за Севиља во придружба на уште еден пријател, а во средата биле во ноќен клуб во Севиља. Четврток беше последниот ден кој некој слушнал за него. Тој требало да отпатува за Кордоба, но имал проблеми со билетот и со батеријата на телефонот, па решил да се качи во друг воз без соодветна карта и да не оди во Кордоба. Тој бил принуден да излезе од возот од персоналот на возот, кој потоа последен пат бил снимен на безбедносните камери на станицата Санта Хуста.

За жал, по неколкудневна потрага, се покажа дека Пријето е пронајден мртов.

Би можело да ве интересира

Драган Стојковиќ: Утре е голем натпревар, ќе се обидеме се за да победиме

Словенија и Данска одиграа нерешено, Јанжа го спречи поразот

A1on

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“