Иран го премести кампот на репрезентацијата за Мундијалот од САД во Мексико

Од:

Фудбалската репрезентација на Иран, со одобрение на ФИФА, ќе го премести својот камп за Светското првенство 2026 од САД во Мексико, изјави вчера претседателот на Иранската фудбалска асоцијација.

ФИФА сè уште не го потврди преместувањето на кампот на репрезентацијата, што го најави Мехди Таџ.

„Сите бази на националните тимови што учествуваат на Светското првенство мора да бидат одобрени од ФИФА“, рече Таџ во соопштението за медиумите.

„За среќа, по нашите барања и состаноци во Истанбул со претставници на ФИФА и Светското првенство, како и вчерашниот вебинар во Техеран со генералниот секретар на ФИФА, нашето барање за промена на кампот на репрезентацијата од САД во Мексико беше одобрено“, додаде тој.

Затоа, иранската репрезентација ќе биде сместена во Тихуана, Мексико, наместо во Тусон во американската сојузна држава Аризона.

„Ќе бидеме сместени во камп во Тихуана, кој се наоѓа во близина на Тихиот Океан и на границата меѓу Мексико и САД“, рече Таџ, додавајќи дека тоа би можело да помогне во решавањето на евентуалните проблеми со визите кога тимот ќе влезе во САД.

Иранските власти претходно овој месец изјавија дека играчите и членовите на персоналот сè уште не добиле визи за САД.

Светското првенство во фудбал ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико.

Иран ќе ги игра првите два натпревари во Лос Анџелес против Нов Зеланд и Белгија, а третиот во Сиетл против Египет.

Би можело да ве интересира

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената

Седум танкери запалени или оштетени во Ормускиот теснец, расте стравот од нова ескалација

Нетанјаху: Трамп не ме спречи да го нападнам Иран

ВИДЕО: „Нешто ќе се случи си Иран, прилично брзо“

Нетанјаху: Ако Иран се меша во израелските избори, ќе се соочи со сила каква што досега нема видено

Аракчи: Ако Америка е искрена, мора да се придржува до нашите услови