Легендарниот италијански напаѓач Филипо Инзаги денеска изјави дека во финалето на Лигата на шампионите се очекува дуелот на некогашниот негов тим Јувентус и Баерн Минхен, кој е предводен од страна на Карло Анчелоти, тренерот со кого два пати со Милан беше шампион на Европа.
– Очекувам финале Баерн и Јувентус. Германците се многу силни, тие имаат одличен тренер и чувствувам исклучителна љубов кон него. Што се однесува до Јувентус мислам дека конечно оваа година ќе стигне до финалето, изјави Инзаги во интервју за „Газета дело Спорт“.
Инзаги беше шампион на Европа со Милан во 2003 и 2007 година, додека со Јувентус загуби во финалето во 1998 година од екипата на Реал Мадрид.
Јувентус последен пат кога беше европски шампион во 1996 година, кога триумфира во Рим против Ајакс на пенали, а потоа загуби три финалиња – од Дортмунд во 1997 година, Реал Мадрид во 1998 година и во Милано во 2003 година.
– И покрај продажбата на Погба, Јувентус е посилен од минатата сезона. Во напдот се засили со Игуаин, Манџукиќ и Дибала се одлични, па сега имаат и добра офанзива покрај сјајната одбрана. Единствен проблем може да им биде психолошкиот притисок за да се освои трофејот.