Инзаги: Натпреварот против Баерн е кулминација на петгодишната работа со прекрасен тим

Од:

Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги ги сподели своите очекувања за првиот дуел од осминафиналната пресметка со Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

– Овој натпревар е кулминација на петгодишната работа со овој прекрасен тим. Ќе се обидеме да го покажеме нашиот најдобар фудбал и да уживаме во него. Баерн ја освои Лигата на шампионите, а потоа и Светското клупско првенство. Претпочитам да се фокусирам на мојот тим, а не на слабостите на противникот. Во текот на нашето патешествие, имавме многу финалиња, така што знаеме како да се подготвиме за вакви натпревари, го цитира Инзаги официјалната веб-страница на УЕФА.

Средбата ќе се одржи вечер во Рим со почеток во 21 часот.

Би можело да ве интересира

Реал е првиот клуб со 100 натпревари во плејофот од Лигата на шампионите

Ана Ололовска

Мбапе го надмина Зидан по број на голови во плејофот во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

Гризман разочаран од поразот на натпреварот со ПСЖ

Ана Ололовска

Ди Марија и Нејмар не се во комбинација за натпреварот со Барселона

Ана Ололовска

Натпреварот од ЛШ, Лајпциг – Ливерпул ќе се игра во Будимпешта

Ана Ололовска

УЕФА планира да ја реформира Лигата на шампионите до 2024 година

Ана Ололовска