Интер има неочекувани проблеми со главниот спонзор

Од:

Главниот спонзор на Интер, Digitalbits, не ја извршил првата уплата на сметката на „неаѕурите“, пишуваат медиумите во Италија. На крајот на август минатата година беше потпишан договор меѓу Интер и спонзорот, според кој на поранешниот шампион на Италија му се гарантирани 85 милиони евра за четири години.

Сепак, „Газета дело спорт“ тврди дека имало проблем и Интер не ја добил првичната уплата поради што клубот ќе го покрие логото на спонзорот на дресовите.

Овој спонзор првин беше на ракавот на дресовите на Интер, но од сезоната 2022/2023 треба да биде на предната и задната страна на дресот.

Главен спонзор на „неаѕурите“ за сезоната 2021/2022 беше Socios.com, кој го замени „Пирели“, популарна компанија за гуми, која претходно беше долгогодишен спонзор на клубот и под чие спонзорство Интер освои многу трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите.

Интер ќе ја отвори новата сезона во Серија А против новиот калчолигаш Лече.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Тепачка меѓу навивачите на Рома и Лацио, полицијата употреби солзавец

Интер доби согласност од Павар, се чека Баерн

Словачкиот фудбалер ке го облече дресот на клубот од Париз

Италијанскиот фудбалски репрезентативец Давиде Фратези е нoв играч на Интер

ВИДЕО: Општа тепачка по дербито на Јувентус и Интер

Предраг Петровиќ

Интер 10 пат по ред ќе има свој претставник во финалето на СП