Иниеста уверен дека ќе го елиминираат Милан

Од:

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Андрес Иниеста верува дека неговиот клу ќе го помине Милан и ќе се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

– Сигурен сум дека ќе го поминеме Милан, иако натпреварот ќе биде многу тежок и неизвесен. Од самиот почеток треба да заиграме како да ни зависи животот од тој дуел. Важно е да веруваме во нашите квалитети и резултатот ќе биде во наша корист, оптимистички истакна Иниеста.

Тој како хендикеп за неговиот тим го потенцира отсуството на тренерот Тито Виланова.

– Не е лесно да се игра без првиот тренер. И тоа влијае врз нашите игри кои на последните натпревари не се на нивото на кое сите се навикнати кога се работи за Барселона. Сепак очекувам да се вратиме на старите патеки и да ги постигнуваме посакуваните резултати, изјави шпанскиот репрезентативец во очекување на следните предизвици.

На првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите во Милано, Милан победи со 2:0, а реваншот е закажан за 12 март во Барселона.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска