Иниеста: Оваа пауза ми дава сила да се обидам и да ја продолжам кариерата

Од:

Легендата на Барселона, Андрес Иниеста даде опсежно интервју за „Марка“, каде разговараше за голем број теми, вклучувајќи ги и неговите први чекори во клубот и крајот на неговата кариера.

Договорот на 35-годишниот со јапонски Висел Кобе истекува следната година.

– На почетокот имав секакви тешкотии во Барселона. Од една страна, кога морав да се преселам во градот, јас лично страдав затоа што морав да се разделам со семејството на 12-годишна возраст. Ми беше тешко да го поднесам тоа. Од друга страна, кога дојдов до првата постава, имав потешкотии да се изборам за моето место и бев постојан во конкуренцијата што беше таму, но секогаш верував во себе и го постигнав тоа што го сакав, вели Иниеста

Во однос на продолжувањето на договорот со јапонскиот тим, тој вели дека прво сака да се врати во игра, за да можат сите да се забавуваат повторно, а потоа ќе размисли за тоа.

– Оваа пауза ми дава одредена сила да се обидам да ја продолжам професионалната кариера. Сепак, сите наши мисли се насочени кон надминување на оваа комплексна ситуација што светот ја доживува. Фудбалот е ставен во втор план, но јас се обидувам да останам физички силен заради моментот кога ќе ги продолжиме натпреварите, иако не знаеме точно кога ќе биде тоа, рече Иниеста.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска