Иниеста: Не е лошо како во Париз

Од:

Фудбалер на Барселона, Андрес Иниеста, по поразот од Јувентус (3:0) во четвртфиналето од Лигата на шампионите, рече дека не се чувствува така лошо како што беше по поразот во Париз, но и дека тој верува во сличен пресврт како против ПСЖ кога по 0:4 на гостински терен стигнаа до 6:1 на свој терен.

Барселона се наоѓа пред нов голем, но сега ќе треба да се анулира предноста на Јувентус кој игра многу подобро во одбраната од „Светците“ од Париз.

– Направивме лоши работи, посебно во првото полувреме, атоа во ЛШ се казнува со два гола. Во второто полувреме бевме подобри, заслуживме да постигнеме гол, но тоа ни е само утеха, рече Иниеста.

Тој смета дека Каталонците не се во толку лоша позиција како по мечот со ПСЖ.

– Јувентус е одличен тим, ги искористи на нашите грешки и не казни со три гола. Повторно имаме задача да преминеме голема планина. Ако направиме работи кои веќе сме ги оствариле се може да се случи, заклучи играчот од средниот ред на шпанскиот шампион.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска