Иниеста: Барса ќе го елиминира Милан

Од:

Играчот за врска на Барселона, Андрес Иниеста верува дека неговиот тим ќе успее да го елиминира Милан од Лигата на шампионите иако на првиот дуел беа поразени со 2:0.

На Барселона на „Сан Сиро“ ништо не и одеше од рака, па „росонерите“ успеаја да слават со големи 2:0 и на тој начин да стигнат до голема можност да го исфрлат првиот фаворите за освојување на ова натпреварување. Сепак Иниеста верува дека Каталонците ќе поминат понатаму и ќе се пласираат во четвртфиналето.

„Сигурно е дека не ги правевме вистинските работи. Иако играчите се изморени, дуелот со Милан ќе биде како финале и од самиот почеток ќе мораме да играме како животот да ни зависи од тоа. Уверен сум дека ќе ги елиминираме“- изјави Иниеста.

Моментално Барса се наоѓа во мала криза, па после поразот од 2:0 од Милан во Лигата на шампионите, вчера вечер беа поразени во шпанскиот Куп од Реал Мадрид со резултат 3:1.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска