Икарди: Интер е мојот дом, ќе се разбереме за договорот до Божиќ

Од:

Неколку дена пред големото дерби во Милано, капитенот на Интер, Мауро Икарди даде опширно интервју за „Скај Спорт“, во кое ги сподели своите очекувања од неделното „Дерби дела Мадонина“, претстојната средба со Барселона, како и какви се неговите идни планови.

Икарди подолго време е поврзуван со трансфер во друг европски гигант, но Аргентинецот призна дека го чувствува Интер како „свој дом“.

– Тоа е натпреварот кој сите во Милано го очекуваат. Најважно е да одиграме еден голем натпревар и да продолжиме со добри перформанси. Кога ќе освоиш таков натпревар, можеш да работиш подобро. Милан поседува одлични фудбалери со богато искуство. Ако можам да извадам фудбалер од составот, ќе го оставам на клупата Игуаин, бидејќи постигнува многу голови. Тој е оној дел кој му недостигаше на Милан, изјави Икарди.

Аргентинецот вели дека тимот го очекуваат тешки натпревари, во кои треба да се претстават на најдобар можен начин. Тој смета дека можат да ја изненадат Барселона во Лигата на шампионите.

– Почнавме добро во Лигата на шампионите и овие две победи ни даваат сили пред натпреварот в среда. Можеме да ја изненадиме Барселона, како што направи Рома пред година. Ќе биде вистински сон, ако го постигнеме она што го направи Интер во 2010 година. Интер е мојот дом. Сонував да играм со овој тим во Лигата на шампиони. Ќе биде одлично да освојам нешто со Интер. Ќе се обидеме да се разбереме за нов договор пред Божиќ, заклучи Аргентинецот.

Би можело да ве интересира

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Лаутаро Мартинез и Интер работат на продолжување на договорот

Тепачка меѓу навивачите на Рома и Лацио, полицијата употреби солзавец

Интер доби согласност од Павар, се чека Баерн

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

Словачкиот фудбалер ке го облече дресот на клубот од Париз