Игуаин, Коентрао и пари е понудата на Реал за Бејл

Од:

Во намерата да го ангажира велшкиот репрезентативец Герет Бејл, шпанскиот гигант Реал Мадрид упатил понуда за која смета дека ќе биде прифатлива за Тотенхем.

Според шпанските медиуми управите на двата клуба оствариле првични контакти, а од Лондон веќе пристигнуваат информации дека Реал ги понудил Гонзало Игуаин, Фабио Коентрао и висока сума на пари за доведување на Бејл во Мадрид.

Како што наведуваат истите извори, Карло Анчелоти новиот тренер на „Кралскиот клуб“ е сериозно заинтересиран да го има Бејл во неговиот состав.

Сегашниот клуб на Велшанецот пред два месеци одреди откупна клаузула за својот најдобар фудбалер во висина од 100 милиони фунти.

Освен Реал, интерес за Бејл покажуваат и ПСЖ, Манчестер Сити и Баерн Минхен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска