Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе, кој е актуелен европски шампион, ја оствари и третата победа во новата сезона, во трките на ридски патеки.
Популарниот Иџе, по триумфите во Франција и Австрија, викендов беше најдобар и во Шпанија, со што потврди дека и годинава е главен претендент за шампионскиот трофеј.
На третата трка од Европското првенство на ридски патеки која се возеше на патеката „Субида Ал Фито’’ во Шпанија, Стефановски на двете денешни трки имаше најбрзо време, од 3 минути и 2,017 секунди со кое постави нов рекорд на оваа патека.
Следната трка се вози идниот викенд во Португалија.