Важна победа во борбата за што подобар пласман и избегнување на последното место во АБА лигата постигна синоќа екипата на Игокеа која на домашен терен ја победи Мега со 80:75 (25:17; 19:19; 25:26; 11:13).
Ова за Мега беше седми пораз.
Игокеа со победата постигната синоќа се наоѓа во групата од пет екипи кои имаат по седум победи.
На другите натпревари од 19.коло беа постигнати следниве резултати:
МЗТ Скопје Аеродром – Сутјеска 71:75,
Олимпија – Црвена Звезда 69:77,
Партизан – Цибона 85:82,
Цедевита – Будуќност 57:81,
Металац – Крка 83:77 и
Тајфун – Задар 66:82.
Табела: Будуќност 17-2 (победи-порази), Цедевита 15-4, Црвена Звезда 14-5, Мега 12-7, МЗТ Скопје Аеродром 8-11, Цибона 8-11, Крка 8-11, Металац 8-11, Олимпија 7-12, Партизан 7-12, Игокеа 7-12, Сутјеска 7-12, Тајфун 7-12.