Екипата на Марибор во чии редови игра македонскиот репрезентативец Агим Ибраими синоќа постигна победа од 1:0 на гостувањето во Глазгов против Селтик во реваншот од баражите на Лигата на шампионите и со вкупни 2:1 избори настап во групната фаза.
Покрај Марибор пласман обезбедија уште: Зенит, АПОЕЛ, БАТЕ Борисов и Порто.
Резултати на синоќа одиграните натпревари:
Зенит – Стандард 3:0 (4:0 вкупнен резултат),
АПОЕЛ – Алборг 4:0 (5:1),
Селтик – Марибор 0:1 (1:2),
БАТЕ Борисов – Слован Братислава 3:0 (4:1),
Порто – Лил 2:0 (1:0).
Вечерва се играат уште пет натпревари:
Арсенал – Бешикташ (0:0 прв натпревар),
Атлетик Билбао – Наполи (1:1),
Баер Леверкузен – Копенхаген (3:2),
Лудогорец – Стеауа (0:1) и
Малме – Салцбург (1:2).
Победниците од натпреварите ќе играат во Лигата на шампионите, а поразените во Лига Европа.