Ибраими двоен стрелец за пласман на Марибор во баражот од Лигата на шампионите

Од:

Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими беше двоен стрелец за Марибор на синоќешниот реванш натпревар од 3.коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

Првакот на Словенија Марибор одигра нерешено 2:2 со Макаби Тел Авив и со вкупни 3:2 избори пласман во баражот од ова натпреварување. Ибраими головите ги постигна во 36-та и 55-та минута, првиот за водство од 1:0, а вториот за изедначување на 2:2.

Покрај Марибор пласман изборија уште екипите на БАТЕ Борисов, Стандард и Лил.

Резултати од сiноќешните натпревари: Макаби Тел Авив – Марибор 2:2 (2:3 вкупно), БАТЕ Борисов – Дебрецин 3:1 (3:2), Панатинаикос – Стандард 1:2 (1:2) и Лил – Грасхоперс 1:1 (3:1).

Вечерва се играат другите реванш натпревари: Зенит – АЕЛ Лимасол (0:1 прв натпревар), АПОЕЛ – ХЈК Хелсинки (2:2), Малме – Спарта Прага (2:4), Шериф – Слован Братислава (1:2), Бешикташ – Феенорд (2:1), Стеауа – Актобе (2:2), Копенхаген – Днипро (0:0), Салцбург – Карабах (1:2), Селтик – Легија (1:4), Динамо Загреб – Алборг (1:0) и Партизан – Лудогорец (0:0).

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска