Ибрахимовиќ потпишува за Реал Мадрид?

Од:

Златан Ибрахимовиќ е топ тема во француските спортски медиуми кои денеска информираат за негова изразена желба да прејде од ПСЖ во Реал Мадрид, а една од причините е освета кон големиот ривал Барселона од која Швеѓанецот беше избркан во 2011 година.

– Ибрахимовиќ има голема желба да го напушти Пари Сен-Жермен и да потпише за Реал Мадрид. Тој дури се согласил за „Кралскиот клуб“ да заигра и за помала плата од сегашната, изјавил неименуван извор од францускиот шампион.

Шпекулациите велат дека Реал би се согласил да исплати на парижаните сума од 20 милиони евра за откупната клаузула на шведскиот напаѓач.

Во новата сезона Реал ќе се обиде да ја симне Барселона од тронот, а ќе биде предводен од тренерот Карло Анчелоти кој минатата сезона го водеше сегашниот клуб на Ибрахимовиќ.

Анчелоти неколку пати токму Ибрахимовиќ го посочуваше како еден од најзаслужните за последните успеси на ПСЖ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска