Ибрахимовиќ: Ќе направам се за да ја променам сезоната на Милан

Од:

Златан Ибрахимовиќ вети дека ќе ја промени сезоната на Милан, откако доцна синоќа стана јасно дека ќе се приклучи на италијанскиот гигант со договор до крајот на сезоната. 38-годишниот фудбалер веројатно ќе собере 7,5 милиони од договорот, кој би можел да биде продолжен за уште една сезона.

– Се враќам во клуб кој многу го почитувам и го сакам градот. Ќе се борам со моите нови соиграчи за да го свртам правецот на оваа сезона. Ќе направам се за да го сменам тоа, беа првите зборови на Швеѓанецот на за веб-страницата на „росонерите“.

Ибрахимовиќ ќе помине на задолжителни лекарски прегледи на 2 јануари, а веднаш штом ќе го потпише договорот, тој ќе биде претставен пред медиумите на специјална прес-конференција, додаваат од клубот.

Ова ќе биде втор престој за Ибра во Милано, каде играше помеѓу 2010-12. Тогаш одигра 85 натпревари и запиша 56 гола.

Би можело да ве интересира

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

Србија ја победи Шведска, Ибрахимовиќ се збогуваше со фудбалскиот дрес

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

Златан Ибрахимовиќ и купи црква на мајка му за 9,24 милиони евра, станови на брат му и татко му

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска