Најдобриот фудбалер на Пари Сен Жермен, Златан Ибрахимовиќ по само триесет минути поминати на теренот го заврши реванш осминафиналниот дуел со Челзи, а вината за неговото исклучување ја гледа и кај судијата и кај противничките фудбалери кои ги нарече бебиња.
– Најлошото нешто по црвениот картон на овој дуел беа играчите на Челси. Тие плачеа кај судијата како мали бебиња, го влечеа и го молеа да ме исклучи. Беа баш како мали деца, неверојатно, изјави Швеѓанецот.
Тој додаде дека кога видел што го чека бил во дилема како да реагира.
– Не знаев дали да бидам бесен или да се смеам. Кога го видов подигнатиот црвен картон си помислив „овој човек не знае што прави, рече Ибрахимовиќ.
Неговиот тим и со фудбалер помалку успеа да го елиминира Челзи играјќи 2:2 по продолжение.