Ибањез двоен стрелец за Легањес во победата над Осасуна

Од:

Во последниот дуел од 12. коло во Примера, фудбалерите на Легањес ја совладаа Осасуна со 2:0. Двоен стрелец за домашниот тим беше Роберт Ибањез, по еднаш погоди во првото и во второто полувреме.

По овој триумф, кој е четврти сезонава,  Легањес се искачи на 15.место на табелата со 13 бодови, или четири повеќе од 18-от Хихон кој се наоѓа во зоната на испаѓање.

Осасуна остана на претпоследното место со само една победа, четири нерешени и дури седум  порази.

На врвот е Реал Мадрид со 30 бодови, пред Барселона со 26, Севиља има 24.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска