Манчестер јунајтед, неочекувано, влегуваат во битката со Челси и Манчестер сити за потписот на хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиол, со понуда од 95 милони евра, тврди францускиот „Фут меркато“.
Интересот за играчот на РБ Лајпциг беше голем и пред Светското првенство, но неговите маестрални партии против Белгија и Бразил уште повеќе го „разгореа“ интересот кај премиерлигашите.
Според „Фут меркато“, Манчестер сити уште ја има најдобрата понуда од 100 милиони евра, додека Челси се подготвени да дадат до 90 милиони евра за поранешниот фудбалер на Динамо Загреб. Баерн Минхен, исто така, покажале интерес, но се верува дека хрватскиот репрезентативец сака да игра во Премиерлигата.
Гвардиол има само 20 години.
Извор: Топспорт