Одбранбениот фудбалер на германската репрезентација Матс Хумелс верува дека неговиот национален тим ќе биде еден од фаворитите на Светското првенство во 2018 година.
Според него неуспехот на Евро 2016 не треба да влијае на амбициите на Германците.
– Не се претставивме добро на Европското првенство 2016. Игравме добро, но загубивме некои играчи. Ако одиме на Светското првенство со овој состав, ќе бидеме меѓу фаворитите. Имаме многу различни играчи во составот. Тренерите имаат многу можности. Таа разновидност е една од силните страни на нашата репрезентација, истакнува Хумелс.