Хрватска со пресврт ја победи Шпанија

Од:

Репрезентацијата на Хрватска синоќа во Бордо, во натпревар од 3.коло од групната фаза со пресврт славеше победа над актуелниот шампион Шпанија со 2:1 и го освои 1.место во Д групата на Европското првенство во Франција.

Хрватска настапи со подмладен состав, а тоа шпанските фудбалери го искористија уште во 7.минута кога поведа со голот на Алваро Мората. Сепак Хрватите не се предадоа. Никола Калиниќ во 45.минута израмни на 1:1, а победата на „коцкестите“ ја обезбеди Иван Перишиќ во 87.минута. Претходно, Серхио Рамос во 72.минута не реализира пенал за Шпанија.

Во вториот натпревар од оваа група Турција со 2:0 ја победи Чешка и со освоените бодови, остана во игра за пласман во осминафиналето.

Табела:

1.Хрватска 7
2.Шпанија 6
3.Турција 3
4.Чешка 1

Турците како и Северна Ирска и Албанија кои завршија како трето рангирани имаат по 3 бодови, но во мини табелата меѓу овие селекции, најслабо рангирана е Албанија, која сега ќе ги очекува исходите од денешните натпревари.

Денеска на ЕУРО 2016 ќе се играат средбите од последното 3.коло во Е и Д групите, по кои ќе бидат познати сите селекции кои ќе играат во осминафиналето.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски