Холандскиот 38-годишен судија Дeни Макели е одреден за главен арбитер на дуелот меѓу Италија и Турција, со кој на 11 јуни на Олимпискиот стадион во Рим официјално ќе почне Европското првенство во фудбал.
Најважниот натпревар кој претходно во кариерата го судеше Макели беше ланското финале од Лига Европа во кое Севиља го совлада Интер со 3:2 во Келн.
Холанѓанецот, исто така, беше дел од петчлениот судски тим задолжен за ВАР технологијата на Мундијалот 2018 во Русија.