Хидинг верува дека Челзи може да го мине ПСЖ

Од:

Менаџерот на Челзи, Гус Хидинк и покрај поразот од 2:1 на синоќа одиграниот меч против ПСЖ во Лигата на шампионите, верува дека неговиот тим има реални шанси да ја мине осминафиналната рунда.

– Да, загубивме. Имаме негатива од еден гол, но не заборавајте постигнавме гол на гости, што е многу важно, изјави Хидинк по натпреварот.

Иако во поголемиот дел од мечот француската екипа ја имаше иницијативата сепак, предводникот на Челзи смета дека неговата екипа одиграла добро.

– Малку сум разочаран затоа што загубивме, а игравме навистина добро против тим кој е составен од одлични фудбалери. Уште сме во игра за пласман во наредната фаза. Во двомеч најважно е да дадеш гол на гости, а ние тоа го сторивме. Ако победиме на „Стемфорд бриџ“ и не примиме гол ќе бидам презадоволен, додаде Хидинк.

Реваншот меѓу овие две екипи е закажан за 9 март во Лондон.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска