Хет-трик за Роналдо во „петката“ на Реал

Од:

Кристијано Роналдо продолжува со ефикасноста во дресот на Реал Мадрид. Тој синоќа во победата од 5:0 против Атлетик Билбао постигна три погодоци и со вкупно 13 гола во шесте дуели сезонава има просек повеќе од два по натпревар.

За Португалецот ова беше 22. хет-трик во Примера со што го изедначи рекордот на Зара и Ди Стефано.

Во 7.коло од Шпанското фудбалско првенство прв пораз забележа Селта, а на другите два неделни дуели победи за домашните екипи.

Постигнати резултати: Реал Мадрид – Атлетик Билбао 5:0, Еспањол – Сосиедад 2:0, Селта Виго – Виљареал 1:3, Севиља – Депортиво Ла Коруња 4:1, Малага – Гранада 2:1, Алмерија – Елче 2:2, Еибар – Леванте 3:3, Рајо Ваљекано – Барселона 0:2, Валенсија – Атлетико Мадрид 3:1 и Хетафе – Кордоба 1:1.

Табела: Барселона 19 бода, Валенсија 17, Севиља 16, Реал Мадрид 15, Атлетико Мадрид 14, Селта Виго 12. 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска