Хет-трик на Роналдо за четвртфинале на Реал во шпанскиот куп

Од:

Фудбалерите на Реал Мадрид на убедлив начин ја надоместија негативата со Селта Виго (1:2) која ја имаа по првиот четвртфинален дуел во Копа дел Реј, а за тоа најзаслужен е Кристијано Роналдо кој синоќа на реваншот во Мадрид постигна три гола за победа на „кралевите“ од 4:0. Четвртиот погодок беше дело на Сами Кедира.

Во следната фаза од Купот ќе игра и Севиља која синоќа загуби од Мајорка на домашен терен со 2:1, но гостинската победа од 5:0 и беше доволна да биде вкупен победник во овој двомеч.
Сарагоса со две победи над Леванте и вкупни 3:0 оди понатаму, а останатите екипи кои обезбедија место во следната рунда се Валенсија и Малага.

Последните три екипи четвртфиналисти ќе бидат познати вечерва по одигрувањето на натпреварите: Хетафе – Атлетико Мадрид (0:3 прв натпревар), Барселона – Кордоба (2:0) и Бетис – Лас Палмас (1:1).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска