Хејнкес за ждребот: Се уште нема да славиме

Од:

Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес покажа почит кон ривалот Севиља по ждрепката за четвртфиналето на Лигата на шампионите.

– Тие се навистина добар тим. Ако ги гледавте против Манчестер Јунајтед, дури и кога водеа со 1:0, тие знаеја дека на Јунајтед му се потребни два гола, но демонстрираа многу добар фудбал. Се уште не можеме да си дозволиме да празнуваме, категоричен беше тренерот.

Хејнкес додаде дека ќе пристапат на анализата на противникот многу сериозно.

– Јас го познавам шпанскиот фудбал многу добро. Знам каква е атмосферата таму и што да очекувам. Треба да сме многу внимателни ако сакаме да ги победиме, смета Хејнкес.

Тренерот на германскиот шампион откри каква била реакцијата и на фудбалерите кога дознале за следниот ривал на турнирот.

– Тимот не падна во еуфорија. Играчите реагираа многу мирно, сеедно како штотуку да испиле по едно пиво, се пошегува Хејнкес.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска