Хамилтон со убедлива победа во Сингапур, веќе води со 40 поени

Од:

Луис Хамилтон забележа категорична победа на Гран При на Сингапур, по која ја зголеми уште повеќе предноста пред Себастијан Фетел во битката за титулата.

Британецот не остави шанси на конкурентите и на крајот ја запиша седмата победа сезонава и 69-та во кариерата, за да поведе со 40 поени пред Себастијан Фетел, кој остана трет, откако беше надминат и од Макс Верстапен со Ред Бул.

Зад тројцата останаа тимскиот колега на Хамилтон, Ботас следен од Раиконен(Ферари), додека Дани Рикардо заврши на шестото место.

На одличното седмо место заврши Фернандо Алонсо, а поени земаа и Карлос Сајнц (Рено), Шарл Леклер (Заубер) и Нико Хулкенберг (Рено).

Од Ферари сигурно ќе жалат за новите изгубени поени, откако кај конструкторите нивното заостанување од Мерцедес веќе е 37 поени.в

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин